Достапни линкови

ДУИ му одговори на СДСМ


Архивска фотографија

ДУИ му одговори на СДСМ со приложување на предлог нацрт закон за употреба на албанскиот јазик, јавува телевизијата Алсат М, повикувајќи се на партиски извори. Во прилог биле испратени и мислење на ДУИ кое се однесува на неговиот статус, спроведување и усогласување на Уставот.

Претходно денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека албанските партии имаат свој предлог закон за албанскиот јазик кој е дел од платформата и нема потреба за предлог од другите. Тоа беше одговорот на новинарско прашање поврзано со пакетот на документите доставени од страна на СДСМ, во кои медиумите јавуваат дека се наоѓа и предлог законот за употребата на албанскиот јазик.

“Сите прашања се анализираат. Мислам дека во иднина ќе има конкретен одговор. Овие се прашања кои се разговараат во склоп на партијата, но јас ве уверувам дека таму не се произведуваат атомски бомби. Се разбира дека се дискутираат важни прашања во врска со политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Во преговори сме и со другите политички партии бидејќи треба да создадеме заедничко мислење, и со политичките партии. Со Г-дин Села се сретнав и секако, разменивме мислења“ изјави Ахмети.

Претходно на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов не откри детали од материјалите кои партијата ги достави до СДСМ, но истакна дека од ДУИ очекуваат одговор во форма на потписи за парламентарно мнозинство и дека во оваа фаза од преговорите на маса не се ставени предлози за форми на влада.

Од СДСМ засега нема потврда за одговорот на ДУИ на материјалите кои им ги достави СДСМ со цел собирање на потписи за формирање на парламентарно мнозинство кое ќе им донесе мандат за формирање влада.

XS
SM
MD
LG