Достапни линкови

Груевски - Ако ВМРО-ДПМНЕ сега не формира влада, ќе се врати на голема врата


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Груевски не одговари директно дали заедничката платформа на трите албански партии е прифатлива за ВМРО-ДПМНЕ. Тој со порака до ДУИ дека крши принципи ако коалицира со СДСМ. Од СДСМ, пак, засега молчат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во денешното интервју за Дневник, не одговори директно на прашањето дали за неговата партија се прифатливи барањата на трите албански партии кои ги испорачаа вчера. Од седумте точки кои ги испорачаа албанските партии, Груевски го коментира само сегментот со двојазичноста, истакнувајќи дека верува оти ДУИ се свесни дека, како што вели, плат­фор­ма­та ко­ја им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат.

„На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зичност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, ако стан­дар­дот поч­не да рас­те и има­ат по­у­бав и пок­ва­ли­те­тен жи­вот“, вели Груевски.

Од друга страна, пак, СДСМ сè уште молчи и до сега не излезе со став во јавноста за заедничката платформа на ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците.

Со реакција излегоа само од партијата Левица кои платформата ја опишаа како провокативна и беспредметна затоа што, според нив, време е во прв план да се постават најгорливите прашања кои ги засегаат етничките заедници во земјава, а тоа се социјалните права.

Инаку, Груевски во интервјуто испраќа порака до досегашниот коалиционен партнер ДУИ дека ако коалицира со втората наместо со првата партија, која победила на изборите, дека набрзо ќе возвратат на таквиот удар.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­ти по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та“, вели Груевски во интервјуто.

Ова интервју следува откако вчера, трите албански партии, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците излегоа со заедничка платформа со која ќе настапат во преговорите за нова Влада. Утре е крајниот рок, кога претседателот Ѓорге Иванов треба да го одреди мандаторот на новата Влада.

Трите албански партии вчера објавија заедничка платформа со седум точки со која се залагаат за измена на Уставот во кој треба да се наведе дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“.

Во продолжение е посочено дека во Собранието ќе се залагаат за усвојување на Резолуција со која, како што велат, се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956. Дополнително ќе се залагаат и за сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб со цел, како што велат, државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

Натаму во платформата велат дека ќе ја дадат својата поддршка на политичка партија со која ќе ги исполнат следните цели: целосна поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, потоа целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот, целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта заедно со македонскиот јазик како официјални јазици во Република Македонија, постигнување економска рамноправност преку рамномерен регионален развој, како и решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG