Достапни линкови

logo-print

Додик: Одлуката на Уставниот суд на БиХ удар за демократијата


Претседателот на Република Српска Милорад Додик, Сребреница, 15.11.2016.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, Сребреница, 15.11.2016.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за поништување на резултатите од референдумот во Република Српска изјави дека тоа е директен удар врз демократското право на еден народ. „Денот на РС и понатаму ќе го славиме. Ние носиме закони, а Уставниот суд и понатаму нека ги исполнува желбите на Изетбеговиќ и неговите приврзаници и на тој начин најдиректно ќе го урне Уставот и демократијата во оваа земја“, наведе Додик. Уставниот суд на Босна и Херцеговина вчера донесе одлука за поништување на резултатите од референдумот одржан на 25 септември во Република Српска, со образложение дека таквата одлука не е во согласност со Уставот на БиХ.

XS
SM
MD
LG