Достапни линкови

Рама: странски сили против про ЕУ политиката во регионот


Алабанскиот премиер Еди Рама

Алабанскиот премиер Еди Рама

Алабанскиот премиер Еди Рама упати критики до странски земји за мешање во политиката на државите од Западен Балкан во време кога се шири загриженоста за руското влијание во регионот. Рама не ја именува Русија, но, како што наведува новинската агенција Ројтерс, дипломати во регионот сметаат дека Русија се обидувала да го зголеми влијанието врз земјите како Црна Гора, Србија, Македонија и Албанија. „Во нашиот регион се активни луѓе од надвор кои ќе ја искористат секоја несигурност за да ги урнат нашите односи со ЕУ“, изјави Рама во Берлин пред средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG