Достапни линкови

Случајот со уништување документи во УБК пред суд


Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

Почна подготвителното рочиште во судењето за противзаконското уништување на документи во УБК. Дискусијата се води во насока на тоа како ќе се одвива судскиот процес поради класифицираните информации, односно дали и во кој степен ќе биде достапно за јавноста. На судењето не е присутно соамо едно лице од седуммината обвинети, меѓу кои и поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски.

Тие се обвинети од страна на Специјалното јавно обвинителство дека во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) противзаконски уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување.

Судењето по првиот обвиннителен акт подготвен од СЈО го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање поради нејзиното спомнување во таканаречените „бомби“ коишто минатата година ги објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев. Кривичниот суд го одби барањето на СЈО со образложение дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

XS
SM
MD
LG