Достапни линкови

На Куба масовни собири за починатиот лидер Кастро


Студенти палат свеќи во знак на жалост за починатиот легендарен кубански лидер Фидел Кастро, Хавана, 26.11. 2016.

Студенти палат свеќи во знак на жалост за починатиот легендарен кубански лидер Фидел Кастро, Хавана, 26.11. 2016.

Кубанците подготвуваат серија масовни собири и маршеви во чест на нивниот долгогодишен лидер Фидел Кастро кој во саботата почина на 90 годишна возраст. Во земјата е прогласена деветдневна жалост. Телото на Кастро ќе биде кремирано, а урната со неговата пепел ќе биде носена низ земјата за на 4 декември да биде поставена во југоисточниот град Сантијаго. Смртта на Кастро предизвика низа реакции на светските лидери, а рускиот претседател Владимир Путин го нарече искрен пријател на Русија. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека историјата ќе суди за неговото огромно влијание врз островот и светот.

XS
SM
MD
LG