Достапни линкови

Судењето на Заев за „Поткуп“ одложено


Архивска фотографија- Изјава на Зоран Заев, претседател на СДСМ пред Основен суд во Скопје

Архивска фотографија- Изјава на Зоран Заев, претседател на СДСМ пред Основен суд во Скопје

Кривичниот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот "Поткуп" во кој е обвинет претседателот на СДСМ Зоран Заев. Заев изјави дека неговиот адвокат, Ване Андреев, кој најавил дека ќе стигне на рочиштето, имал проблеми со возилото, а останатите двајца адвокати, Филип Медарски и Јаким Наумов, беа отсутни поради здравствени причини.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го закажа следното рочиште за 2-ри декември и определи алтернативен рок на 20-ти декември поради барањето на Заев судењето да продолжи по завршувањето на изборите.

Во судот пристигна и струмичкиот бизнисмен Иван Николов од кого, според обвинението, Заев побарал 160 000 евра поткуп. Судењето за случајот „Поткуп“ почна на 25 јануари годинава, а рочиштата досега повеќепати беа одложувани.


XS
SM
MD
LG