Достапни линкови

Столтенберг бара да се забрза процесот за Црна Гора


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на сесијата во Истанбул.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на сесијата во Истанбул.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика денеска членките на Алијансата чии парламенти не го ратификувале Протоколот за пристапување на Црна Гора да побрзаат и да го направат тоа што е можно побргу.

Столтенберг, кој присуствува на сесијата на Парламентарното собрание на НАТО во Истанбул потсети и дека следната година се одржува самит на НАТО до кога треба да биде завршена ратификација за да може Црна Гора да биде примена на тој самит за членка. Протоколот досега е ратификуван во 13 држави.

XS
SM
MD
LG