Достапни линкови

logo-print

Паднати повеќе интернет страници, од УНЕТ тврдат - технички проблем


Паднати страниците на македонски портали-мкд мк

Паднати страниците на македонски портали-мкд мк

Интернет страниците „фокус.мк“, „новатв.мк“, „либертас.мк“, „сдк.мк“, „локално.мк“, „плусинфо.мк“, „мкд.мк“ како и електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“ се недостапни. Проблемот се појавил неколку часа по полноќ , а екипите на УНЕТ, провајдерот кој е техничка поддршка на овие интернет страници, се на терен и се обидуваат да го отстранат проблемот.

Анета Пешева од УНЕТ тврди дека се работи за технички проблем додавајќи дека прецизно ќе објаснат откако екипите ќе завршеле со работа. Таа нагласува дека не се паднати само страниците на медиумите, туку и на компании и други претпријатија на кои тие им се техничка поддршка. Во врска со тврдењата дека само Курир.мк, кој се смета за провладин, не е паднат, а тие му се техничка поддршка, Пешева категорично вели дека таа интернет страница никогаш не била нивни коминтент.

Новинарката Билјана Секуловска, која е косопственик на порталот НОВА ТВ, пак, вели дека во контактите со вработени во УНЕТ и било пренесено дека се работи за голем напад на интернет страниците зад кој се уште не знаеле кој стоел.

XS
SM
MD
LG