Достапни линкови

Меј: светот се промени по Брегзитот и Трамп


Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека одлуката на Британија да излезе од ЕУ и победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД го трансформираа светот во една година и оти задача на владите беше да обратат внимание загриженоста на луѓето за влијанието на глобализацијата врз работните места и заедниците. Таа додаде дека Британија не смее да ги „одбива промените и да води битки од минатото“, туку оти треба да се прилагодува на моментот. Британската премиерка оцени дека „слободниот пазар“ е најдобар начин да се избегне сиромаштијата.

XS
SM
MD
LG