Достапни линкови

logo-print

Значителен напредок во преговорите за повторно обединување на Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис на прес-конференција во Никозија на 15 март 2016

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис на прес-конференција во Никозија на 15 март 2016

Лидерите на кипарските Грци и Турци постигнаа значителен напредок во преговорите за повторно обединување на островот, а разговорите ќе продолжат на 20 ноември во Женева, се наведува во соопштението од Обединетите нации.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџи разговараа од понеделник до вчера во голем хотел во одморалиштето Мон Пелерин, на брегот на Женевското Езеро, под покровителство на специјалниот претставник на светската организација за Кипар, Еспен Барт Ајде.

„Во последните пет дена беа разгледани територијалните и други прашања. Постигнат е значаен напредок“, се вели во соопштението на ОН.

На барање на Анастасиадес ќе биде направена пауза во преговорите, кои ќе бидат обновени на 20 ноември.

Кипар е поделен од 1974 година, кога турската армија навлезе во северниот дел од овој медитерански остров како одговор на државниот удар, кој имаше за цел земјата да се присоедини кон Грција.

По неколку обиди за помирување и неуспехот на планот, предложен од ОН во 2004 година, разговорите за повторно обединување беа обновени во мај минатата година, под покровителство на Светската организација.

XS
SM
MD
LG