Достапни линкови

Оланд одржа телефонски разговор со Трамп


Францускиот претседател дава изјава во Париз на 9 ноември 2016 година.

Францускиот претседател дава изјава во Париз на 9 ноември 2016 година.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска разговараше телефонски со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Во соопштението од Елисејската палата се вели дека Оланд и Трамп ја споделиле „желбата да работат заедно“, и дека разговорот траел седум-осум минути.

Пред разговорот Оланд изјави дека ќе ги „разјасни позициите“ со Трамп за време на „искрениот“ телефонски разговор.

„Ќе треба да ги разјазнам и да побарам појаснување на позициите“ рече Оланд во телевизиско интервју. „Мораме искрено да разговараме.“

Францускиот претседател наведе дека ќе разговараат за борбата против тероризмот, борбата против групата на Исламската држава во Сирија и Ирак и конфликтот во источна Украина и за други теми.

XS
SM
MD
LG