Достапни линкови

Познатата Авганистанка од Нејшнл Џеографик пристигна во Кабул


Авганистанката Шарбат Гула беше депортирана од Пакистан во Авганистан, 09.10.2016

Авганистанката Шарбат Гула беше депортирана од Пакистан во Авганистан, 09.10.2016

Познатата зеленоока Авганистанка од насловната страница на американското списание Нејшнл Џеографик се сретна со авганистанскиот претседател Ашраф Гани по пристигнувањето во Кабул. Шарбат Гула, која сега има 40 години, беше поздравена од Гани на приемот во претседателската палата откако таа и нејзините четири деца беа вчера депортирани од Пакистан. Портпаролот на авганистанскиот претседател рече дека Гани и ги предал на Гула клучевите од куќата во Кабул во која ќе живеат таа и нејзините деца.

Пакистанскиот суд ја обвини Гула за поседување фалсификувани документи за идентификација. Таа беше приведена кон крајот на минатиот месец во пакистанскиот град Пешавар. Гула беше осудена на 15 дена во затвор, казна од околу 1100 долари и беше наредена нејзина депортација во Авганистан.

Насловната фотографија во 1985 година во списанието Нејшнл Џеографик ја направи Гула симбол на авганистанската војна во осумдесетите години.

XS
SM
MD
LG