Достапни линкови

logo-print

Црна Гора: руски „националисти“ зад заговорот против Ѓукановиќ


Јавниот обвинител Ивица Станковиќ и специјалниот јавен обвинител за тероризам Миливое Катниќ на прес конференција во Подгорица, 06.11.2016.

Јавниот обвинител Ивица Станковиќ и специјалниот јавен обвинител за тероризам Миливое Катниќ на прес конференција во Подгорица, 06.11.2016.

Властите во Црна Гора соопштија дека руски „националисти“ биле зад заговорот за атентат врз премиерот Мило Ѓукановиќ поради неговите планови земјата да стане членка на НАТО. Според шефот на специјалното обвинителство Миливое Катниќ, „националисти од Русија“, организирале криминална група со цел да влезат во Пралментот и да го убијат премиерот Ѓукановиќ по тамошните парламентарни избори. Катниќ додаде дека притоа не биле откриени докази дека руската држава го планирала пучот. Дваесетина српски и црногорски државјани беа уапсени во Црна Гора на денот на изборите под сомневање дека организарале заговор.

XS
SM
MD
LG