Достапни линкови

logo-print

Натамошен пад на доларот поради изборите во САД


Берзите во светот и американскиот долар продолжуваат да бележат пад поради загриженоста на инвеститорите во врска со тесната претседателска трка во Соединетите држави. Американските анкети покажуваат дека двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, имаат изедначени шанси за победа. Тоа, според економистите, ги принудува инвеститорите веќе да не се потпираат врз победата на Клинтон што би значела континуитет на политиките етаблирани од претседтелот Барак Обама. Вредноста на доларот е на рекордно ниско ниво спрема еврото и јенот во изминативе над три недели.

XS
SM
MD
LG