Достапни линкови

Клинтон: ФБИ да ги открие врските меѓу Русија и Трамп


Претседателскиот кандидат на Демократите во САД Хилари Клинтон

Претседателскиот кандидат на Демократите во САД Хилари Клинтон

Менаџерот на кампањата на кандидатот на демократите Хилари Клинтон побара ФБИ да ги открие информациите од истрагата за врските на кандидатот на републиканците Доналд Трамп со Русија. Во интервју за медиумите, Роби Mок праша зошто директорот на ФБИ Џејмс Комеи, кој минатата недела внесе вознемиреност во претседателската трка, со објавувањето податоци за електрнската пошта на Клинтон, не објави никакви информации за пребарувањата на врските на Трапм во Русија. Агенциите објавија дека ФБИ отвориле прелиминарна истрага пред неколку месеци во врска со наводите дека Трамп или неговите соработници можно е да имале сомнителни зделки со рускиот народ или бизнисмени , но дека намало докази з отворање на целосна истрага. Агенциите објавија дека ФБИ разгледувала дали Трамп или неговите соработници можеби го прекршиле Законот за странските практики за корупција или контакти или трговија со луѓе во Русија, кои се предмет на американските и европските санкции поради агресијата на Русија во Украина.

XS
SM
MD
LG