Достапни линкови

logo-print

Јанева: Утврдуваме дали прислушувала УБК или странски служби


Архива - Катица Јанева од СЈО на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Архива - Катица Јанева од СЈО на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска води истрага во Управата за безбедност и контраразузнавање, која е во рамки на Министерството за внатрешни работи. Таа рече дека истрагите во МВР се водат по две судски наредби:

„Влеговме во УБК, во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИМ мерки од 2008 до 2015 година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период. Се уште работиме на тоа, соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи, во исто време постојано е присутен, не знам по кој основ, господинот Чавков. Други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, не можеме да знаеме кои се, но ве уверувам дека јас со мојот истражителски тим и со моите обвинители остануваме до крај, додека не ги извршиме судските наредби“, рече Јанева.

Таа појасни дека се дискутира за начинот на кои УБК треба да им ги предаде документите и дека претходница на овие судски наредби биле упорните барања на СЈО да им бидат доставени сите документи кои ги поседуваат за прислушувањето од 2008 до 2015 година. Откако не им биле доставени во рок од шест месеци, СЈО по судските наредби ги води овие истраги во УБК, рече Јанева.

Таа додаде дека утврдуваат кој и на каков начин прислушувал во Македонија, дали се прислушувало во УБК или тоа го правеле странски служби.

XS
SM
MD
LG