Достапни линкови

ОН: Авганистанските владини сили одговорни за зголемен број на жртви


Ожалостени авганистанци извршуваат молитви за време на погреб на жртви убиени на 20 април 2016 година.

Ожалостени авганистанци извршуваат молитви за време на погреб на жртви убиени на 20 април 2016 година.

Обединетите Нации соопштија дека владините сили се одговорни за зголемениот број на цивилни жртви во конфликтот во Авганистан. Во извештајот на мисијата на ОН за помош во Авганистан објавен денеска, се вели дека најмалку 2.562 цивили загинале и 5.835 други се повредени во борбите во првите девет месеци оваа година. Сличен број на жртви се забележани за истиот период од минатата година. Антивладините елементи и натаму се одговорни за најголемиот број на жртви, но бројот на жртвите предизвикани од страна на провладините сили е зголемен за 42 проценти во однос на минатата година.

XS
SM
MD
LG