Достапни линкови

logo-print

Уапсени пратеници во Хрватска


Зградата на хрватскиот Парламент во Загреб.

Зградата на хрватскиот Парламент во Загреб.

Хрватскиот сабор денеска ја прекина седницата на која треба да биде избрана новата Влада на Хрватска, поради апсење на неколкумина пратеници на партијата „Жив ѕид.“

„Полицијата уапси наши пратеници и не им дозволува да дојдат на седницата, изјави пратеникот на Жив ѕид, Иван Пернар, на чие барање и беше прекинато заседанието на Саборот. Тој појасни дека пратениците биле уапсени додека присуствувале на протест поради принудно иселување на едно осумчлено семејство во загрепската населба Светиот Дух.

На денешната седница Саборот треба да се изјасни за избор на составот на новата влада што ја предложи мандатарот и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреја Пленковиќ.

На седницата на која Плнековиќ треба да ја презентира и програмата за работа на владата во периодот 2016-2020 година, присуствва и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

XS
SM
MD
LG