Достапни линкови

Ќе се реформира безбедносниот систем


Премиерот Емил Димитриев на состанок со раководниот тим на МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот Агим Нухиу, дополнителниот заменик Оливер Андонов и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Премиерот Емил Димитриев на состанок со раководниот тим на МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот Агим Нухиу, дополнителниот заменик Оливер Андонов и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Градење безбедносен систем којшто ќе функционира независно од тоа кои лица управуваат со овие институции, е целта на реформите за кои денеска раговараа претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев и раководството на МВР. Тие се дел од акцискиот план за реформи во безбедносната сфера произлезени од извештајот на Прибе.

Димитриев на прес-конференцијата по состанокот, истакна дека за овие реформи има сеопфатен консензус. Тие се во фаза на анализа и разгледување на состојбите, која треба да заврши до декември. Потоа ќе бидат понудени конкретни модели и решенија за кои ќе се отвори широка расправа. Целиот процес на реформи, според Димитриев, треба да заврши за приближно една година.

Димитириев вели дека реформите во овој сегмент ќе бидат повеќеслојни и ќе задираат во многу сегменти на функционирањето на државата, а крајниот резултат треба да биде формирање служби кои се по терк на земјите од ЕУ, контролата да биде регулирана и службите да можат да бидат контролирани од парламентарните комисии и други тела согласно закон.

Одговарајќи на новинарско прашање дали оваа Влада која во моментов техничка и задолжена за спроведување на изборите има мандат да работи на вакви реформи, Димитриев истакна дека на нивната подготовка се работело подолг период и оти периодот до и после изборите кога треба да се формира Влада не би требало да биде изгубен период.

На денешната средба со Димитриев присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот Агим Нухиу, дополнителниот заменик Оливер Андонов и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

XS
SM
MD
LG