Достапни линкови

logo-print

Русија објави пауза на нападите врз Алепо


Дел од бунтовничкиот кварт Ансари во Алепо, 23.09.2016.

Дел од бунтовничкиот кварт Ансари во Алепо, 23.09.2016.

Руската војска објави осум часовен прекин на огнот врз опколениот град Алепо, гест кој од САД беше оценет како „премал и предоцен“. Генерал полковник Сергеј Рудској соопшти дека руските и сириските сили ќе ги запрат нападите на 20 октомври и ќе дозволат слободно заминување на цивили и милитанти надвор од градот. Хуманитарните организации бараат неделно да има по 48 часовен прекин на огнот за да може да се достави помош до опколеното население. Американскиот Стејт департмент оцени дека најавениот прекин на огнот е само обид на руските и сириските сили да ги истераат бунтовниците од градот.

XS
SM
MD
LG