Достапни линкови

logo-print

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“


Архивска фотографија: Обвинети во судскиот случај Диво Насеље.

Архивска фотографија: Обвинети во судскиот случај Диво Насеље.

Судското рочиште за предметот Диво Насеље денеска е одложено поради службено патување на овластениот обвинител Наум Пановски од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Судењето за овој предмет ќе продолжи на 3 ноември во големата сала на Врховниот Суд. Досега се оддржани околу дваесетина рочишта од кои поголемиот дел беа зад затворени врати поради сослушувањата на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во воените дејствија од 9 и 10 мај минатата година.

При дводневните инциденти загинаа 8 полицајци и 10 припадници на вооружената група. На 9 февруари годинава во Основниот суд Скопје 1 повторно започна судскиот процес против 29 лица дел од таканаречената Кумановска група кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива Населба во Куманово. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација”и „тероризам”.

XS
SM
MD
LG