Достапни линкови

logo-print

Заев - Ќе има 63 пратеници, ама против Груевски


Статус на Фејсбук на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Статус на Фејсбук на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Груевски побара од граѓаните 63 пратеници, 63 пратеници ќе има, но од здружената опозиција со граѓаните, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот фејсбук профил, по партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заврши времето на автократија. Доаѓа време на правда, слобода, демократија и единство. Доаѓа време на живот во Македонија“, напиша Заев.

Од СДСМ преку соопштение наведуваат дека на 11 декември ќе победи и пресуди граѓанскиот глас.

„Никој повеќе не го слуша обвинетиот Груевски, дури ни неговите од ВМРО-ДПМНЕ, ниту оние кои ги донесе во затворената сала. Знаат граѓаните како Никола Груевски им го уништи животот со секоја страница повеќе во програмските шеми на фамилијата. И трпението има граници“, стои во соопштението од СДСМ.

XS
SM
MD
LG