Достапни линкови

Сантос ќе ги донира парите од Нобеловата награда за мир


Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека ќе ги донира 925 илјади долари од Нобеловата награда за мир за жртвите од над пеесет годишниот конфликт во неговата земја. Сантос ја доби наградата за неговиот придонес во преговорите за мировен договор со Револуционерните вооружени сили на Колумбија, познати како ФАРК. Од почетокот на конфликтот досега загинаа над 250 илјади луѓе додека 45 илјади се водат како исчезнати.

XS
SM
MD
LG