Достапни линкови

Самоубиствени напади во близина на Анкара


Двајца бомбаши-самоубијци утрово детонираа експлозив и се разнесоа во својот автомобил, во јужното предградие на Анкара, а откако полиција ги повика да се предадат.

Турската новинска агенција Анадолија наведува дека напаѓачите се подготвувале да изведат напад со автомобил-бомба.

Гувернерот на Анкара Ерчан Топача изјави дека полицијата вчера добила информација оти во тоа подрачје се одвиваат сомнителни активности. Тој за локалната телевизија изјави дека во инцидентот учествувале најмалку двајца напаѓачи, од кои една жена и оти обајцата се идентификувани. Се верува дека постои и трет напаѓач, кој во моментот е во бегство.

XS
SM
MD
LG