Достапни линкови

Русија ги предупреди САД да не напаѓаат сириски сили


генерал мајор Игор Конашенков

генерал мајор Игор Конашенков

Портпаролот на руското министерство за одбрана генерал мајор Игор Конашенков предупреди дека руските противвоздушни системи би можело да соборуваат американски авиони доколку тие ги нападнат сириските сили. Ова е најострата закана досега од официјална Москва во врска со воените акции во Сирија. Односите меѓу Вашингтон и Москва продолжуваат да се влошуваат. Претходно Соединетите држави соопштија дека ги суспендираат разговорите со Русија околу соработката во Сирија.

XS
SM
MD
LG