Достапни линкови

Албанската полиција заплени 23 тони марихуана


Marijuana

Marijuana

Во добро организирана полициска акција во подрачјето на албанскиот приморски град Валона, запленети се рекордни 23 тони мархуна, подготвена за транспорт.

„Акцијата е реализирана во селата Вежданишт и Треблов, каде во шест објекти се откриени 23 тони сува марихуана, подготвена за транспорт. Во рамките на оваа супер акција запленето е и оружје и муниција. Полицијата трага по полициски инпектор од секорот за економски криминал во Валона, пишува електронското издание на весникот „Шекули“.

Според истиот извор, инспекторот Ренато Авдули е дел од 40-члената група која одгледувала марихуана.

Во акцијата биле откриени и уништени и 15 илјади стебла марихуана, што значи дека уште толку марихуана, доколку истата била собрана. Полициски извори наведуваат дека акцијата била иницирана од албанската тајна служба ШИШ и Обвинителството и била држена во голема тајност.

Освен полицајци од Полицискиот комесаријат Валона, во акцијата биле вклучени и многу полицајци од Тирана.Идентична акција, во која се уништени над 10 илјади стебла марихуана е реалзирана и во областа Мат.

XS
SM
MD
LG