Достапни линкови

logo-print

Силите поддржани од Русија напредуваат во Алепо


Сириски активисти тврдат дека владините сили, поддржани од руските воздушни напади, напредуваат во Алепо продолжувајќи со нивната еднонеделна офанзива за преземање на северниот град од бунтовниците.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија денеска соопшти дека режимската војска и нивните парамилитарни сојузници направиле напредок преземајќи територии во северниот дел од Алепо.Тие велат дека има жестоки борби по должината на целата линија која го дели градот на два дела.

Во меѓувреме, подсекреаторот на генералниот секретар на ОН, задолжен за хуманитарни прашања, Стефен О’Брајан рече дека е длабоко вознемирен поради жестоките борби во источно Алепо каде што се заглавени околу 275 000 луѓе. Тој во соопштението наведува и дека здравствениот систем е речиси пред колапс со пациенти кои се враќаат и недостиг на лекови.

XS
SM
MD
LG