Достапни линкови

logo-print

Бомбардирање во Алепо и битки во градот


Воени авиони ги бомбардираат областите кои се под контрола на бунтовниците северно од Алепо, а сириската армија се бори опседнатиот стар дел од градот во големата офанзива.

Бунтовниците и набљудувачките групи соопштија дека денеска воздушните напади се фокусирани на главните линии за снабдување во областите под контрола на бунтовниците додека директни судири има во Сулејман ал Халаби квартот,фронтот северно од стариот град на Алепо.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија јавува за силни бомбардирања од владините сили и борби во Алепо.

Спасувачите во градот вчера објавија дека во нападите во областа под контрола на бунтовниците загинале најмалку 30 луѓе, а биле користени фосфорни бомби кои предизвикале голема штета и пожари.

Сириската војска и нејзините сојузници започнаа офанзива поддржана од Русија пред десетина дена за да ги преземат областите под контрола на бунтовниците во Алепо во кој живеат повеќе од 250 000 луѓе.

XS
SM
MD
LG