Достапни линкови

СЈО бара изземање на надлежниот судија за предметот Трезор


Специјалното јавно обвинителство бара изземање на судијата на претходна постапка кој треба да одлучува за мерките на претпазливост во предметот Трезор, соопшти Основниот суд Скопје 1. Во него е наведено дека со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд.

Судот посочува дека Претседателот на Основен суд СКопје 1 - Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО. За нив ова е преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судотне било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства.

Во Основниот суд денеска се одвива сослушување на дел од осомничените во случајот Трезор.

Претходно,Претседателот на Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Лидија Петровска, на која и беше доделен случајот со уништувањето на документација во УБК поврзана со прислушувањето.

Судијката Петровска ги врати доказите во СЈО и бараше дополнителен документ за декласификација на дел од доказите во предметот со обвинението против седуммина припадници на УБК, обвинети за уништување на документација поврзана со нелегалното прислушување.

СЈО побара изземање, зашто оваа судијка беше дел од „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG