Достапни линкови

Во руските бомбардирања во Сирија над 9 илјади загинати


Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија сооопшти дека за една година во руските воздушни напади загинале над 9.364 луѓе во земјата уништена од војна. Меѓу нив 906 се деца.

Групата додава дека во нападите се убиени 2.746 припадници на терористичкото движење Исламската држава и 2.814 борци од другите бунтовнички исламистички групи.

На 30 септември минатата година, Русија започна воздушна кампања како поддршка на силите на сирискиот претседател Башар Асад.

XS
SM
MD
LG