Достапни линкови

САД може да ја прекине соработката со Русија за Сирија


Вашингтон е на работ да ги прекине разговорите со Русија за соработката во Сирија, поради нивната тековна офанзива на Алепо заедно со сириските сили, рече денеска американскиот државен секретар Џон Кери. Тој вели дека воздушните напади во кои загинаа стотици цивили во Алепо во изминатите 10 дена се целосно против законите на војувањето.

Москва ги отфрли повиците на САД да стават крај на нападите во Алепо. Руските власти велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат сириските сили во Алепо.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека американските повици се исто што и поддршката на тероризмот.

XS
SM
MD
LG