Достапни линкови

Меркел и Ердоган разговарале за Сирија


Русија има „посебна одговорност да ги смири судирите и да пружи можност за политички процес“ во Сирија, се согласија во денешниот телефонски разговор германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Најновата офанзива на сирискиот режим врз Алепо, која се одвива со поддршка на Русија, дополнително ги влоши страдањата на цивилното население“, се наведува во соопштението од кабинетот на Меркел.

Русија вчера соопшти дека е подготвена за продолжување на мировните преговори за Сирија со САД, но Вашингтон се закани дека ќе ја прекине соработката со Москва поради интензивното бомбардирање на Алепо.

XS
SM
MD
LG