Достапни линкови

Турција и Русија разгледуваат можности за прекин на огнот во Сирија


Турција и Русија разгледуваат прашања кои се поврзани со перспективите за прекин на огнот во Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на прес-конференција во Анкара. „Ги поддржавме претходните договори меѓу Русија и САД за прекин на огнот. За жал примирјето не беше целосно реализирано. По нормализирање на односите со Москва ги разгледавме тие прашања и со Русија. Подготвени сме за соработка со Москва во врска со примирјето“, истакна шефот на турската дипломатија. Чавушоглу нагласи и дека вчера разговарал со иранскиот колега Мохамад Џавад Зариф за прашања поврзани со прекинот на огнот во Сирија и начинот на кој тоа може да се постигне.

XS
SM
MD
LG