Достапни линкови

Кери се закани со раскинување на соработката со Русија во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери се закани дека ќе ја прекине целата соработка со Русија во врска со Сирија, ако Москва и нејзините сојузници, владата на претседателот Башар ал-Асад, не ја прекинат воздушната кампања врз градот Алепо. Стејт департментот соопшти дека Кери му го упатил овој ултиматум на неговиот руски колега Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор. Засега нема коментар од руска страна. Русија и САД поддржуваат различни страни во граѓанската војна во Сирија, но се обидуваат да соработуваат во борбата против познатите терористички организации. Прекинот на огнот кој беше постигнат меѓу Москва и Вашингтон пропадна претходно овој месец, по што следуваа жестоки воздушни напади од руски и сириски авиони врз Алепо, каде што има стотици илјади цивили.

XS
SM
MD
LG