Достапни линкови

Судијката од „бомбите“ сепак ќе постапува во случајот на СЈО


Претседателот на Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за изземање на судијката Лидија Петровска, на која и беше доделен случајот со уништувањето на документација во УБК поврзана со прислушувањето. Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека барањето на СЈО се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање.

Судијката Петровска ги врати доказите во СЈО и бараше дополнителен документ за декласификација на дел од доказите во предметот со обвинението против седуммина припадници на УБК, обвинети за уништување на документација поврзана со нелегалното прислушување.

СЈО побара изземање, зашто оваа судијка беше дел од „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG