Достапни линкови

ЕК: целосна релокација на бегалците до крајот на идната година


Европската унија ќе ги префрли во други земји преостанатите 30 илјади бегалци кои имаат право на релокација а кои сега се во Грција, до крајот на идната година. Ова се наведува во денешното соопштение на Европската комисија во кое се оценуува дека бил постигнат заначаен напредок во овој процес и покрај фактот што само околу 5 илјади бегалци од Грција и Италија се префрлени во други членки на ЕУ. Со овој процес е предвидено преместување на вкупно 160 илјади луѓе во период од две години. Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс денеска оцени дека имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција продолжува.

XS
SM
MD
LG