Достапни линкови

СЈО побара една мерка притвор и одземање пасоши за „Трезор“


Во текот на денешниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Трезор“ поднесен е предлог за определување мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од Судот да ги одземе патните исправи на овие лица, соопшти Специјалното јавно обвинителство.

Воедно, се додава, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото.

До Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесено е и барање за донесување на привремена мерка- забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, се наведува во соопштението на СЈО.

XS
SM
MD
LG