Достапни линкови

Сириската војска почна со голема операција во Алепо


Сириските владини сили денеска почнаа голема операција за преземање на Алепо, каде што се заглавени повеќе од 250 000 цивили. Владината војска презема контрола врз бунтовничка област во централниот дел на Алепо, која од 2012 година беше поделена на дел под контрола на владините сили и дел под контрола на бунтовниците.

Сириската државна телевизија јави дека војската ја преземала Фарафра, која се наоѓа во близина на познатата тврдина во Алепо и дека во тек се борби во историскиот дел од градот.

Сириската војска ја најави операцијата за преземање на источниот дел од градот на 22 месецов, денови откако пропадна еднонеделниот прекин на огнот договорен меѓу САД и Русија. Двете страни се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот. Од тогаш сириските и руските воени авиони извршуваат напади врз источните делови во кои, според Сириската опсерваторија за човекови права загинале повеќе од 200 луѓе.


XS
SM
MD
LG