Достапни линкови

Жесток прв дуел меѓу Клинтон и Трамп


Демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон го обвини републиканскиот кандидат Доналд Трамп за расизам, сексизам и неплаќање даноци за време на вжештената дебата која би можело да ја обликува натамошната трка за Белата куќа. Милијардерот Трамп кој за прв пат се кандидира за некоја јавна функција изјави дека Клинтоновата долга политичка кариера претставува „лошо искуство“ со мали резултати. Тој исто така ги повтори неговите обвинувања во врска со тоа што Клинтон додека била државен секретар го користела приватниот меил за државна комуникација. Клинтон пак повтори дека Трамп јавно ги поканил Русите да вршат хакирање на американски цели.

XS
SM
MD
LG