Достапни линкови

logo-print

Лавров: Западните сили не ги исполнуваат обврските во Сирија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека западните сили не ги исполнуваат нивните обврски во регулирањето на граѓанската војна во Сирија. Лавров во интервју за руската телевизија НТВ ја критикуваше итната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која Русија беше критикувана за бомбардирањето на градот Алепо. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека критиките од страна на САД и Британија во Советот за безбедност биле неприфатливи и можат да го нарушат процесот за мир во Сирија.

XS
SM
MD
LG