Достапни линкови

logo-print

Лидери на пакистански талибанци убиени во воздушни напади


Азам Тарик.

Азам Тарик.

Тројца од водачите на пакистанските талибанци се убиени во заеднички воздушни напади на авганистанските сили и на војниците на НАТО во областа Ламан во авганистанската провинција Пактика, соопштија пакистански безбедносни извори.

Извори за Пакистанскиот сервис на РСЕ велат дека е убиен Раес Кан, познат и како Азам Тарик, кој беше портпарол на групата Кан Саид која е фракција на пакистанските талибанци. Висок официјален претставник на Кан Саид потврди дека Азам Тарик е убиен. Извори велат дека во нападите се убиени и синот на Тарик и двајца други талибански лидери од Северен Вазиристан, но не се соопштени нивните имиња.
Авганистанските власти само соопштија дека бил извршен воздушен напад и дека се убиени најмалку 10 милитанти.
Фракцијата Кан Саид во 2014 година ги прекина врските со Мула Фазлуалах, сегашниот лидер на пакистанските талибанци, велејќи дека тие самостојно ќе оперираат во Северен Вазиристан.

XS
SM
MD
LG