Достапни линкови

Иванов: Неодлучноста на ЕУ во справувањето со мигрантската криза ја загрози Македонија


Спречувајќи ја илегалната миграција, Република Македонија успеа во голема мера да придонесе за безбедноста на Европа. Европа веќе се соочува со вториот, помасовен бран. Унијата мора да изнајде начини и механизми да ги заштити границите, да ги обезбеди коридорите, а оние мигранти и бегалци кои ќе ги прими, да ги интегрира, без притоа да ги асимилира, изјави претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, во својот говор на 71. Генерално собрание на Обединетите нации.

Иванов смета дека неодлучноста на ЕУ да се справи со мигрантската криза ја загрози безбедноста на Македонија. Досегашниот однос кон мигрантите, оцени претседателот Иванов, во некои европски земји направија гета без ѕидови, во кое различните се толерираат без вистински да се почитуваат, во кое се трпат, без да се прифаќаат. Ваквиот однос водеше кон изолационизам, отуѓување и плодна почва за радикализам, насилен екстремизам и тероризам, оцени претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG