Достапни линкови

Барања за укинување на притворот на Божиновски, кој штрајкува со глад


Насер Селмани

Насер Селмани

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија и Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари, денеска побараа итно да се укине притворот за новинарот Зоран Божиновски, кој од 14 септември штрајкува со глад во истражниот затвор во Шуто Оризари поради, како што тврди, неоправдано продолжување на неговиот притвор и одолговлекување на судскиот процес.

Како што денеска информира на прес-конференција претседателот на ЗНМ Насер Селамни, Божиновски писмено ја известил управата на затворот за неговата одлука и побарал да го известат неговиот адвокат и народниот правобранител, што до денеска не било направено.

Од ЗНМ изразуваат загриженост за здравствената состојба на Божиновски, кој во изминатите седум дена одбивал да прими храна и вода во затворот и како последица на тоа дневно двапати прима инфузија.

XS
SM
MD
LG