Достапни линкови

Путин разговарал со германскиот министер за економија Габриел


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Германија и Русија можат да ги решат сите проблеми околу прашањата како Украина и Сирија и да ја стабилизираат билатералната трговска соработка. Тој ова го изјави по разговорите со германскиот заменик канцелар Зигмар Гарбриел во претседателската резиденција во близина на Москва. Габриел кој исто така е германски министер за економија изјави дека тој е за симнување на санкциите на ЕУ против Русија, но само доколку биде постигнат прогрес во мировниот процес во Украина.

XS
SM
MD
LG