Достапни линкови

Укинат куќниот притвор за битолскиот градоначалник Талески


Битолскиот градоначалник Владимир Талески излегува од куќен притвор. Кривичниот суд во Скопје соопшти дека Апелациониот суд Скопје попладнево доставил решение со кое се уважува жалбата на Талески, кој е осомничен во предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“. Со тоа се укинува мерката куќен притвор и за Талески се определува мерка на претпазливост, односно тој има обврска да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основниот суд Битола.

XS
SM
MD
LG