Достапни линкови

Со хакирање не може да се смени изборниот резултат во САД


Лиза Монако

Лиза Монако

Советникот на американскиот претседател барак Обама за безбедност Лиза Монако изјави дека ќе биде многу тешко преку хакирање во американскиот изборен систем да се смени исходот од изборите. Таа додаде дека системот во САД главно не бил приклучен на интернет и оти со него дифузно управуваат државните и локалните власти. Монако ова го изјави поради загриженоста од способноста на хакерите од Русија и од други земји да упаднат во системот на гласање. ФБИ во минатиот месец ги предупреди државните функционери задолжени за избори да ја зголемат безбедноста, бидејќи имало докази дека хакери ги нападнале изборните системи во две држави, Илиноис и Аризона.

XS
SM
MD
LG