Достапни линкови

Бан Ки Мун бара помош од САД и Русија за Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од САД и Русија да ги присилат завојуваните страни во Сирија да дозволат безбедно минување на неопходната помош за опколените цивили во Алепо. Дваесетина камиони со храна и хуманитарна помош се уште биле на турската граница иако минаа два дена од стапувањето во сила на прекинот на огнот. Сириските владини сили и сириските бунтовници меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето кое сепак, според новинските агенции, главно се почитувало.

XS
SM
MD
LG