Достапни линкови

Картер: Русија го поткопува меѓународниот поредок


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер со остри зборови ја обвини Москва за „јасна амбиција за поткопување на принципиелниот меѓународен поредок“.

Во денешниот говор на Универзитетот Оксфорд во Англија, тој пред студентите рече дека Русија е вклучена во „непрофесионално однесување“ во Украина, Сирија и во интернет просторот и дека Москва исто така „ѕвечка“ со нуклеарно оружје.

„Ние не бараме непријател во Русија, но да не се прави грешка, ние ќе ги браниме нашите сојузници, принципиелниот меѓународен поредок и позитивната иднина која сите ние ја заслужуваме“, рече тој.

„Ние ќе се спротивставиме на обидите за поткопување на нашата колективна безбедност и нема да ги игнорираме обидите за мешање во нашите демократски процеси“, рече Картер.

Картер рече дека САД и Русија направиле напредок во соработката по Студената војна, но оти се чини дека сега Русија „се води од погрешни амбиции и неоправдан страв“.

XS
SM
MD
LG