Достапни линкови

МВР: Мештани од селото Кожле пронашле делови од авионот


Четири италијански и двајца косовски државјани загинале во авионот со германски ознаки, којшто вечерва се урнал кај селото Кожле кое се наоѓа во Општина Петровец, на околу 20 километри од скопскиот аеродром „Александар Велики“, потврдуваат од МВР

Оттаму велат дека тела се уште не се пронајдени, но оти во околу 20 и 30 часот мештани од селото Кожле кај Кремење пронашле делови од авионот за којшто претходно полицијата соопшти дека исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром, на 10 километри од влезно-излезната писта. Од МВР велат дека увидот на местото и пребарувањето на теренот ќе се ивршат утре поради лошите временски услови.

МИА јавува дека локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи и оти „во несреќата загинале шест патници чиј идентитет не е утврден.“

Случајот од контролата на летање бил пријавен вечерва во 17 и 40 часот, а авионот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“ полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво, а крајната дестинација му била Приштина. Во меѓувреме, МВР соопшти дека биле пријавени експлозија и пожар од велешкото село Ветерско, кое се наоѓа во близина на Кожле и на местото се упатиле полициски и противпожарни екипи.

XS
SM
MD
LG